Бугарија очекува прилив на мигранти од Турција
15.03.2017 12:48
Во врска со ова прашање Герџиков вчера се сретнал со бугарскиот министер за внатрешни работи...

Претседателот на бугарската техничка влада Огњан Герџиков изјави дека се преземени дополнителни мерки за јакнење на безбедноста на границата на Бугарија со Турција поради прилив на мигранти што се очекува во наредните денови.
Во врска со ова прашање Герџиков вчера се сретнал со бугарскиот министер за внатрешни работи како и со шефовите на државната агенција за национална безбедност и на специјалните служби.
