Изборите во Холандија- важни за иднината на Европа

15.03.2017 12:56

13 милиони холанѓани гласаат на парламентарните избори кои се еден од трите пресудни фактори за натамошниот развој на Европа по британскиот Брегзит и победата на Доналд Трамп во САД. Кампањата заврши во сенка на дипломатскиот конфликт со Турција поради забрана за пропаганда на европски терен за претстојниот референдум за неограничена моќ на Ердоган.

Парламентарните избори во Холандија се првите од трите клучни гласања во Еврозоната годинава. Речиси 13 милиони граѓани избираат меѓу 28 партии, или 1.114 кандидати кои се борат за 150 пратенички места. Трката се води меѓу ултрадесничарскиот популист, евроскептик и противник на исламот Герт Вилдерс и либералната Народна партија за слобода и демократија на премиерот Март Руте.

Во Холандија се регистрирани скоро милион муслимани. 70% од нив сметаат дека верските правила, како оние во ужасниот куран во кој се зборува за убиство и антисемитизам се поважни од законите што ги создаваме јас и вие. Зборувам за 700.000 луѓе кои се подготвени да извршат насилство во името на исламот“, изјави Герт Вилдерслидер на Партијата за слобода.

Холандија води дипломатски конфликт со Турција поради забраната за јавни настапи во европските градови на претставници од официјална Анкара за поддршка за референдумот за уставни реформи во Турција. Откако ја нападна Германија поради истата одлука, револтираниот претседател Ердоган ги обвини и холандските власти за нацизам.

„Навредите се неприфатливи. Ние не дозволивме влез на турските министри, но не сакаме да ексалира состојбата. Доколку турската страна продолжи, ќе дејствуваме и ние“, изјави Марк Руте, лидер на Либералната партија.

Холандија е место на слобода и демократија, особено Ротердам. Ако некој гледа расизам во Ротердам, тогаш е целосно надвор од реалноста“, рече Доналд Туск, претседател на Европскиот совет.

За победа се потребни 76 пратенички места. Иако официјалните резултати ќе бидат познати на 21-ви март, а новиот холандски парламент два дена подоцна, преговорите за формирање влада можат да потраат дури и неколку месеци.

Другите две земји кои се одлучувачки фактор за иднината на ЕУ се Франција каде што идниот месец се избира претседател и Германија, каде што во септември ќе се избира парламентарниот состав.

Маја Филдишев