Хан и тројката европратеници во Македонија

21.03.2017 07:56

Хан и тројката европратеници освен со лидерите на партиите, во Скопје треба да се сретнат и со претседателот Ѓорге Иванов.

Денеска во Македонија ќе допатува еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, заедно со европратениците Вајгл, Кукан и Флекенштајн, во обид за рeшaвање на политичката криза.

Тие ќе се сретнат со претседателот Иванов и со претставниците на сите парламентарни партии, на кои, како што потврдија од Брисел, ќе ја повторат цврстата позиција на Европската Унија за продолжување на демократските процеси со брзо формирање реформски ориентирана влада, која ќе треба да го имплементира договорот од Пржино.

И покрај тоа што претставниците на иницијативата „За заедничка Македонија“ побараа средба со еврокомесарот Хан, Брисел потврди дека не се предвидени состаноци со претставници на граѓанското општество.