Координативна средба за продолжување на конститутивната седница

21.03.2017 08:00

На координацијата треба да биде утврден предлогот за состав на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, кој ќе послужи како основа за закажување на продолжение на конститутивната собраниска седница.

Точно напладне во Собранието треба да се оддржи координативна средба на претседавачот Трајко Вељаноски со претставниците на парламентарните политички партии.

На координацијата треба да биде утврден предлогот за состав на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, кој ќе послужи како основа за закажување на продолжение на конститутивната собраниска седница.

Предходно СДСМ достави иницијатива за продолжување на конститутивната седница потпишана од 67 пратеници од СДСМ, ДУИ, Беса и од Алијансата на албанците.

Извесно е дека копјата ќе се кршат околу составот на комисијата за избори и именувања. ВМРО-ДПМНЕ инсистира да имаат 6 члена, СДСМ 5, а ДУИ и Беса по еден. СДСМ пак, смета дека тие и ВМРО-ДПМНЕ треба да имаат по 5 члена, ДУИ 2, а Беса еден член.