ОМД: Народот решава за иднината на Македонија
Според ОМД, решавањето на кризата во државата треба да се бара единствено преку институциите на системот и со целосно почитување на Уставот, а не, како што соопштува, преку бојкотирање на македонските институции, коешто е добро позната практика изминатите 25 години.

Народот е тој кој ќе решава за иднината на Република Македонија, а не ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ или ДУИ, или пак меѓународниот или регионалниот фактор, велат од Обединетата Македонска Дијаспора.
Според ОМД, решавањето на кризата во државата треба да се бара единствено преку институциите на системот и со целосно почитување на Уставот, а не, како што соопштува, преку бојкотирање на македонските институции, коешто е добро позната практика изминатите 25 години.
Само преку транспарентна дебата во Собранието ќе се овозможи постигнување компромис и ќе се обезбеди решавања на сите прашања во интерес на граѓаните, без нарушување на националните интереси на државата, посочува Обединетата Македонска Дијаспора.
