Иванов нема да се сретне со Хан, терминот го отстапува на „За заедничка Македонија“
Од Кабинетот на шефот на државава информираа дека Иванов од работната посета на Унгарија ќе се врати доцна вечерва, па затоа на агендата не е ставен состанок со еврокомесарот.

Јоханес Хан нема да се сретне со македонскиот претедател Ѓорге Иванов. Од Кабинетот на шефот на државава информираа дека Иванов од работната посета на Унгарија ќе се врати доцна вечерва, па затоа на агендата не е ставен состанок со еврокомесарот.
„Претседателот Иванов своите ставови веќе му ги соопшти на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на нивната последната средба на 10-ти февруари, и тие остануваат непроменети. Претседателот Иванов јасно и недвосмислено порача дека нема да определи мандат, без претходна јавна осуда и отфрлање на платформата од Тирана“- се вели во соопштението од претседателскиот кабинет.
Оттаму додаваат и оти предвидениот термин, Иванов им го отстапува на претставниците од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, кои претходно побараа средба со Хан, за тој да се запознае со аргументите и со причините поради кои протестираат повеќе од 20 дена.
