Координативната средба во Собранието продолжува утре

22.03.2017 16:18

Причина за одложувањето, според учесници на координацијата, е тоа што нема поместување во ставовите. Денешната расправа траела околу два часа, по што била побарана пауза. Имало предлози средбата да продолжи доцна вечерва, но некои од учесниците не се согласиле.

Продолжението на координативната средба на претставниците на парламентарните групи за утврдување на предлогот за составот на собраниската Комисија  за прашања на изборите и именувањата, што требаше да продолжи попладнево во 15:30 часот, е презакажано за утре во 11 часот.

Причина за одложувањето, според учесници на координацијата, е тоа што нема поместување во ставовите. Денешната расправа траела околу два часа, по што била побарана пауза. Имало предлози средбата да продолжи доцна вечерва, но некои од учесниците не се согласиле.

Претходно, на денешната координација што почна околу пладне, не беше постигнат напредок помеѓу учесниците кои треба да постигнат договор за претседател на Комисијата за избори и именувања.

На вчерашната координација претставниците на парламентарните групи го договорија бројот на членовите со кои ќе бидат застапени во Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Согласно договореното, ВМРО-ДПМНЕ ќе има шест члена во Комисијата, СДСМ пет, а ДУИ и Беса да бидат застапени со по еден чен.

Утврдување на предлогот за составот на Комисијата  за прашања на изборите и именувањата е предуслов за закажување продолжение на конститутивната собраниска седница.