Со реформи во секторот води до поголема ефикасност и подобри услуги за граѓаните

22.03.2017 16:22

Реформите во секторот води ќе значат поголема ефикасност на претпријатијата и подобри услуги за граѓаните, тврдат од Министерството за животна средина. Со законските измени, Регулаторната комисија за енергетика ќе ја утврдува и минамалната цена на водата. Оттаму велат, со овие реформи ќе се воспостави ефикасен и дисциплиниран систем за водоснабдување за вода за пиење. Македонија го одбележува Светскиот ден на водите.

Водите се скапоцен ресурс, нерационалното користење и загадување имаат негативни последици врз квалитетот- предупредуваат налдежните. Тврдат дека новата методологија на цени за водата за пиење, за наводнување, и за отпадните води ќе обезбеди баланс меѓу финансиските трошоци наспроти потребите на јавните претпријатија и социјалниот аспект на граѓаните. Ќе се подобри квалитетот на услугите, ќе се зголеми ефикасноста и заштитата на водните ресурси. Со реформите и новите правилникот и методологијат за утврдување на тарифите, во земјава се воведува економска регулација на цените во овој сектор.

Првите тарифи за водните услуги ќе се применуваат од 1-ви јануари 2018-та година. Според Регулаторната комисија, треба да ги покријат оперативните трошоци на работење на давателите на услуги, и да овозможат капитални инвестиции и одржливост на јавно комуналните претпријатија и водостопанства.

Со новата унифицирана методологија за тарифи на водни ресурси цената на водата реално ќе се пресметува. Ќе зависи од работата на комуналните претпријатија и водостопанства. Надлежните со став- поголеми ценовни поместувања нема да има, но квалитетот на услугите ќе се подобри. Потребна е реформа на законската рамка која го регулира ова прашање, но и напори за подобрување на инфраструктурата за да се овозможи квалитет во водоснабдувањето во општините, порачаа од делегацијата на Европската унија.

На Светскиот ден на водите, надлежните порачаа за зголемување на свеста кај граѓаните околу важноста на одржливиот начин на водата, како скапоцен ресурс.

Ана Јосифоска- Тодоровска