Трет ден координација за собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата

23.03.2017 08:43

На координацијата се уште не е постигнат договор за претседател на Комисијата. Утврден е само бројот на членовите со кои парламентарните групи ќе бидат застапени во неа.

Во 11 часот денеска треба да продолжи координативната средба на претставниците на парламентарните групи за утврдување на предлогот за составот на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата.

На координацијата се уште не е постигнат договор за претседател на Комисијата. Утврден е само бројот на членовите со кои парламентарните групи  ќе бидат застапени во неа.

Согласно договореното, ВМРО-ДПМНЕ ќе има шест члена во Комисијата за прашања на изборите и именувањата, СДСМ пет, а ДУИ и Беса по еден чен.

Координативната средба почна завчера. На вчерашното продолжение беше одлучено да се одложи за денеска. Претставниците на парламентарните групи остнаа на истите ставови поради што се уште не е постигнат напредок во разговорите за претседател на Комисијата.

ВМРО-ДПМНЕ инсистира како најголема пратеничка група да го добие претседателското место во Комисијата. Од СДСМ, пак, со став дека тие го имаат обезбедено парламентарното мнозинство и дека треба да раководат со Комисијата.