Норвешкиот амбасадор повикан во турското МНР

23.03.2017 11:38

Норвешките весници јавија дека Норвешка им дала азил на четворица турски војници и на воениот аташе на Турција во Норвешка, како и на нивните роднини.

Турското Министерство за надворешни работи го повика амбасадорот на Норвешка во Анкара, Вегард Елефсен поради одлуката на норвешките власти да им дадат азил на турски државјани, кои се обвинети за вмешаност во обидот за воен преврат во Турција во јули минатата година.

Норвешките весници јавија дека Норвешка им дала азил на четворица турски војници и на воениот аташе на Турција во Норвешка, како и на нивните роднини.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Турција го оцени како жално и неприфатливо решението на Норвешка.