Поранешен руски пратеник убиен во Киев

23.03.2017 16:12

Вороненков кој беше член на Комунистичката партија во Долниот дом на Рускиот Парламент, минатата есен се преселил во Украина и добил државјанство на таа земја.

Украинската полиција соопшти дека поранешниот руски пратеник, Денис Вороненков бил убиен во Киев. Непознат напаѓач пукал во 45-годишниот Воронеков пред влезот на луксузен хотел во главниот град на Украина.

Вороненков кој беше член на Комунистичката партија во Долниот дом на Рускиот Парламент, минатата есен се преселил во Украина и добил државјанство на таа земја.

Тој тогаш се откажал од руското државјанство и изјавил дека ја напушта Русија бидејќи го прогонуваат руските безбедносни агенции.

Украинскиот претседател Порошенко го овени убиството на Вороненков како „акт на државен тероризам од Русија“.