Генералниот потсекретар на ОН, Хелен Кларк во посета на Македонија

24.03.2017 10:29

Предвидени се средби со претседателот Иванов и со премиерот Димитриев. Кларк вечерва ќе присуствува на премиерата на документарниот филм „Езеро од Јаболка“...

Генералниот потсекретар на Обединетите нации и администратор на програмата за развој на Обединетите нации, УНДП, Хелен Кларк, е во дводневна посета на Македонија.

Предвидени се средби со претседателот Иванов и со премиерот Димитриев. Кларк вечерва ќе присуствува на премиерата на документарниот филм „Езеро од Јаболка“, во кој се зборува за резултатите од долгогодишните напори на УНДП и Општината Ресен за намалување на загадувањето на Преспанското Езеро.

Утре Кларк ќе го посети Преспанскиот регион.