ВМРО-ДПМНЕ: Тиранската платформа ја втурнува Македонија во процес на федерализација
СДСМ очигледно оваа Тиранска платформа ја има прифатено штом молчи и не ја одбива во целост. Граѓаните ја прочитаа оваа политика на СДСМ и затоа се загрижени и оправдано манифестираат силен револт, се вели во соопштението.

Тиранската платформа е против уставна и нејзиното прифаќање ја втурнува Македонија во процес на федерализација. Има за цел да ја разнебити Македонија и да ја претвори од мултиетничка во бинационална држава, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ очигледно оваа Тиранска платформа ја има прифатено штом молчи и не ја одбива во целост. Граѓаните ја прочитаа оваа политика на СДСМ и затоа се загрижени и оправдано манифестираат силен револт, се вели во соопштението.
Доколку СДСМ смета дека треба да се прифати и реализира ваква платформа, која задира во унитарниот карактер на државата, нека ја престави како своја изборна програма, па граѓаните јасно нека се произнесат што мислат за неа и за политичарите кои ја предлагаат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
