СДСМ: Собранието брзо ќе ја избере новата влада

24.03.2017 10:42

Од СДСМ порачуваат дека никој нема право да ја спречи демократски изразената волја на мнозинството граѓани на изборите. 67 пратеници застанаа зад претседателот Заев и има демократски формирано парламентарно мнозинство.

Македонија мора да оди напред. Собранието брзо ќе ја избере новата реформска влада на Република Македонија. СДСМ внимателно како и досега ги води политичките процеси што водат кон реализација на мнозинската волја на граѓаните, велат од партијата.

Од таму порачуваат дека никој нема право да ја спречи демократски изразената волја на мнозинството граѓани на изборите. 67 пратеници застанаа зад претседателот Заев и има демократски формирано парламентарно мнозинство. Има програма на новата влада што ја штити унитарноста на државата и ги обезбедува потребите на сите граѓани, стои во дописот.

Од домашната и од меѓународната јавност очекуваат да се почитуваат резултатите од кредибилните избори на 11-ти декември и тоа е патот на демократските промени што се незапирливи, велат од СДСМ.