Папата Франциск со совети до челниците на ЕУ пред нејзиниот роденден во Рим
24.03.2017 11:09
Пред утрешната прослава на 60. роденден, лидерите во европското семејство ќе имаат советодавна средба со папата Франциск во Рим, првенствено поради неизвесноста по британскиот Брегзит.

Во Рим утре ќе се одржи самит на Европската унија на кој треба да се роди нов блок со 27 членки. Целта на собирот ќе биде обновената интеграција со фокус на единството, а не создавањето на Европа на повеќе брзини.
Пред утрешната прослава на 60. роденден, лидерите во европското семејство ќе имаат советодавна средба со папата Франциск во Рим, првенствено поради неизвесноста по британскиот Брегзит.
Папата побара посилна борба против социјалните неправди бидејќи во изминативе шест децении акцентот бил ставен на трговската либерализација и монетарната унија.
