Метео: Променливо време за викендот

24.03.2017 11:56

Во недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на места ќе има услови за ретки грмежи.

Првиот ден од викендот ќе ни донесе претежно сончево време. Во попладневните часови се очекува наоблачување кое на места ќе биде проследено со појава на краткотраен локален дожд особено на планинските предели.

Во недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на места ќе има услови за ретки грмежи.

Можна е и појава на слаб снег на повисоките планини. Ќе дува умерен повремено засилен југозападен ветер, а температурите благо ќе опаднат.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска