„За заедничка Македонија“ продолжува со протести
Никој однадвор нема да ја прекројува Македонија, туѓата платформа го разбуди гласот на Македонецот, се дел од пораките кои се испраќаат на овие протести...

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ продолжува со протестите во Скопје и во други градови низ државава. Не се откажуваат од своите барања за отфрлање на Тиранската платформа.
Никој однадвор нема да ја прекројува Македонија, туѓата платформа го разбуди гласот на Македонецот, се дел од пораките кои се испраќаат на овие протести. Меѓу другото, велат не за бинационална, да за мултинационална, заедничка Македонија.
Од граѓанската иницијатива ги повикаа сите граѓани кој искрено ја сакаат мултиетничка, а не двонационална Македонија да се приклучат на протестот, а политичките партии да ја отфрлат платформата од Тирана и да ја зачуваат унитарноста на земјава.
