Над 200 исчезнати при потонување на два брода со мигранти крај Либија

24.03.2017 12:18

Спасувачите пронашле тела на петмина. Со договорот меѓу ЕУ и Турција беше запрен приливот на бегалци преку Егејското Море кон Грција...

Околу 200 мигранти исчезнаа во Средоземјето откако им потонаа чамците на либиското крајбрежје. Спасувачите пронашле тела на петмина.

Со договорот меѓу ЕУ и Турција беше запрен приливот на бегалци преку Егејското Море кон Грција, па е регистиран зголемен миргантски бран преку централниот дел на Средоземјето, од Либија до Италија.