Почина и петтата жртва во лондонскиот напад
24.03.2017 12:46
Двајца од 31 хоспитализирано лице се во критична состојба.

75-годишнен Британец е петтата жртва во лондонскиот напад чијшто извршител е веќе идентификуван како Калид Масуд, следбеник на Исламска држава роден во Кент, Англија. Двајца од 31 хоспитализирано лице се во критична состојба.
Масуд првин со автомобил влета во цивили, па со нож усмрти полицаец, а потоа беше застрелан од полицијата.
Неговото криминално досие опфаќа обвиненија за екстремизам, поседување оружје и нарушување на јавниот ред и мир.
