Поранешниот египетски претседател, Мубарак е на слобода
24.03.2017 13:11
Обвинителството го одобри ослободувањето на Мубарак откако Апелациониот суд го ослободи од обвинувањата за смрт на демонстрантите ...

Хосни Мубарак, поранешниот египетски претседател кој беше симнат од власт во 2011 година, и првиот лидер кому му се судеше по Арапската пролет, излезе од затвор по 6 години.
Обвинителството го одобри ослободувањето на Мубарак откако Апелациониот суд го ослободи од обвинувањата за смрт на демонстрантите во бунтот во 2011 година.
