Гутереш: Арапски земји помогнете и на сирија
Првиот човек на светската организација апелот го упати за време на посетата на кампот за сириски бегалци во Јордан, еден ден во пресртет на клучниот годишен Арапски самит, кој годинава ќе се одржи во оваа земја.

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш ги повика арапските земји да ги остават на страна меѓусебните несогласувања и да помогнат да се стави крај на шестгодишната граѓанска војна во Сирија.
Првиот човек на светската организација апелот го упати за време на посетата на кампот за сириски бегалци во Јордан, еден ден во пресртет на клучниот годишен Арапски самит, кој годинава ќе се одржи во оваа земја.
Гутереш изјави дека сега повеќе врати се затворени за раселените и дека со тоа, светот несакајќи ги потикнува терористичките групи и ги зголемува глобалните безбедносни ризици.
