Британија најави излез и од Европол
30.03.2017 10:55
Обединетото Кралство е еден од трите најголеми корисници на податоците од Европската полициска агенција.

По Брегзит, Британија најави излез и од Европол доколку не биде постигнат договор за безбедност со Унијата.
Обединетото Кралство е еден од трите најголеми корисници на податоците од Европската полициска агенција.
Европските земји, пак, имаат пристап до информациите од разузнавачкиот сојуз на Велика Британија и САД, Канада, Австралија и Нов Зеланд.
