Туск во понеделник во посета на Македонија
30.03.2017 11:51
Посетата на Туск на Македонија е во рамки на негова регионална турнеја, посветена на состојбите со мигрантската и бегалската криза и примената на сеопфатното европско решение.

Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов потврди дека тој ќе биде домаќин на Доналд Туск, претседател на Европскиот совет, кој в понеделник ќе претстојува во Македонија.
Посетата на Туск е дел од неговата регионална турнеја за мигрантската криза и примена на европско решение, поради најавите на Анкара за прекин на договорот меѓу Турција и ЕУ.
Со Туск ќе се разговара и за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцијата на Македонија и на целиот регион.
По активностите на Туск во земјава најавена е и негова прес-конференција.
