Турција: Заврши операцијата „Штитот на Еуфрат“ во Сирија
30.03.2017 12:00
Премиерот Бинали Јилдирим најави нова прекугранична воена кампања.

Турција официјлано ја заврши операцијата „Штитот на Еуфрат“ во Сирија која почна лани во август. Премиерот Бинали Јилдирим најави нова прекугранична воена кампања.
Анкара испрати војници, тенкови и авиони за поддршка на Слободната сириска армија за да ги исчисти границите од борците на Исламска држава.
