СЈО бара изземање на претседателот на Врховниот суд

30.03.2017 12:29

СЈО во соопштението до медиумите наведува дека Вангеловски бил дел од јавнообјавените телефонски разговори и во период кога исто така ја извршувал функцијата претседател на Врховниот суд.

Специјалното јавно обвинителство бара изземање на претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски. Поднесено е по барањето за заштита на законитоста од првиот човек на Јавното обвинителство, Зврлевски за укинување на притворот на бизнисменот Сеад Кочан.

СЈО во соопштението до медиумите наведува дека Вангеловски бил дел од јавнообјавените телефонски разговори и во период кога исто така ја извршувал функцијата претседател на Врховниот суд.

СЈО се сомнева на можна пристрасност и поради тоа е поднесено барањето за изземање. Специјалниот јавен обвинител Катица Јанева до Врховен доставила и транскрипт од разговорот меѓу тогашниот претседател Вангеловски и екс-министерот за транспорт и врски Јанакиески.