Тилерсон во посета на Турција

30.03.2017 12:42

Агендата на Тилерсон опфаќа средби и со претседателот Ердоган и минситерот за надворешни работи Чавушоглу ...

Турскиот премиер Бинали Јилдирим се сретна со државниот секретар на САД, ден откако Анкара ја оконча операцијата „Штитот на Еуфрат“ во Сирија чијшто фронт беше причина за несогласувања меѓу двете земји околу методите за борбата против Исламска држава.

Агендата на Тилерсон опфаќа средби и со претседателот Ердоган и минситерот за надворешни работи Чавушоглу со кои ќе разговара за екстрадицијата на имамот Ѓулен и апсењето на директорот на „Халкбанк“ во Њујорк.