Втор месец марш „За заедничка Македонија“
30.03.2017 13:14
Не отстапуваат од барањето за отфрлање на платформата од Тирана. Ним им се придружија и следбениците на „Тврдокорни“.

Втор месец од протестите на граѓаните и на иницијативата „За заедничка Македонија“ во одбрана на иднетитетот, унитарноста на државата, знамето и химната. Не отстапуваат од барањето за отфрлање на платформата од Тирана. Ним им се придружија и следбениците на „Тврдокорни“.
Организаторите на иницијативата „За заедничка Македонија“ за денеска најавија масовен протест. Велат ќе протестираат сѐ додека политичарите не се откажат од Тиранската платформа, а единствен излез од оваа ситуација е организирање на предвремени парламентарни избори.
