Тимоние: Што побрзо да се најде решение за политичката криза

30.03.2017 13:22

Политичката состојба во Македонија во моментов наликува на изгребана плоча и не сакам да додадам уште една изгребана плочка на тоа што веќе е. Посакувам што побрзо да се излезе од оваа состојба- изјави францускиот амбасадор...

Францускиот амбасадор во Македонија, Кристијан Тимоние изјави дека очекува што поскоро да се реши политичката ситуација во која се наоѓа Македонија.

„Политичката состојба во Македонија во моментов наликува на изгребана плоча и не сакам да додадам уште една изгребана плочка на тоа што веќе е. Посакувам што побрзо да се излезе од оваа состојба затоа што македонскиот граѓанин сака да види излез од оваа ситуација бидејќи светот не чека“, изјави Тимоние.