Договор за размена на геопросторни податоци со Турција
Државниот Катастар доби можност за реализација на снимање и ласерско скенирање. Ќе бидат на располагање и копиите од старите тематски карти коишто ја покриваат територијата на Македонија и имаат огромна историска важност.

Агенцијата за катастар на недвижности и Генералната команда за мапирање на Турција потпишаа договор за размена на геопросторни информации, трансфер на стручно знаење и техничка помош за производство на топографски карти во размер еден према 50 илјади според НАТО стандардите.
Државниот Катастар доби можност за реализација на снимање и ласерско скенирање. Ќе бидат на располагање и копиите од старите тематски карти коишто ја покриваат територијата на Македонија и имаат огромна историска важност.
Македонија поседува вакви два милиони имотни листови, таканаречени тапии со кои е евидентиран имотот на Македонците за време на Отоманската империја.
Се преведуваат и оригиналите од турските архиви за етничкиот состав пред речиси 170 години.
