Дејвис: Брисел да не очекува финансиска исплата за разделбата од Лондон

30.03.2017 13:58

Дејвис му порача на Брисел да не очекува 62 милијарди долари во рамките на излезниот процес. Нагласи дека земјата ќе ги исполни своите обврски, но времето кога Лондон му исплаќал големи суми на Брисел завршило.

Британскиот министер за Брегзит, Дејвид Дејвис му порача на Брисел да не очекува 62 милијарди долари  во рамките на излезниот процес. Нагласи дека земјата ќе ги исполни своите обврски, но времето кога Лондон му исплаќал големи суми на Брисел завршило.

По Брегзит, Британија најави излез и од Европол доколку не биде постигнат договор за безбедност со Унијата. Обединетото Кралство е еден од трите најголеми корисници на податоците од Европската полициска агенција.

Европските земји, пак, имаат пристап до информациите од разузнавачкиот сојуз на  Велика Британија и САД, Канада, Австралија и Нов Зеланд.