Зголемен бројот на повреди на човековите слободи и права

30.03.2017 14:44

Исполитизирани и нефункционални институции, дел од нив со партиски агенди, непрофесионално постапување на полициски службеници, прекумерна употреба на сила во затворите, недостатоци на пензискиот систем се дел од неправилностите кои ги констатирал Омбудсманот.

За 4 проценти е зголемен бројот на повреди на човековите слободи и права минатата година, констатира Нардниот правобарнител во извештајот за 2016. Вели, подобрување нема, во некои области има стагнација, во некои назадување. Исполитизирани и нефункционални институции, дел од нив со партиски агенди, непрофесионално постапување на полициски службеници, прекумерна употреба на сила во затворите, недостатоци на пензискиот систем се дел од неправилностите кои ги констатирал Омбудсманот.

Во делот на човековите слободи и права, констатирани се повредени при исплата на социјалната заштита, при вработување лица со попреченост, при постапувањето со бегалци, оданочување на граѓани, а забележана е и непрофесионалност во работата на изборните органи.  Народниот правобранител се поажли дека дел од институциите недоволно соработуваат.

Народниот правобранител минатата година постапил по 4.718 случаи. Од нив примени биле 3.775 претставки, а 37 биле отворени по сопствена иницијатива.

 

Наташа Јанчиќ