Антикорупциска од 2007-ма до 2015-та отворила 1.506 предмети за судир на интереси
Според извештајот на Македонскиот центар за меѓународна соработка финансиран од Велика Британија, Државната комисија за спречување корупција од 2007 до 2015 отворила 1.506 предмети за судир на интереси. Решиле 941, а во 356 имало прекршувања.

Државната комисија за спречување корупција направила чекор напред кон едукација на институциите, била активноста во следење на судирот на интереси, но недоволно ја информирала јавноста и не алармирала за злоупотреби на буџетски средства во изборни кампањи- ова се главните поенти во извештајот на Македонскиот центар за меѓународна соработка. Од центарот предупредија и дека опаѓа следењето на имотната состојба на функционерите.
Првиот човек на антикорупциска, пак, тврди дека работат максимално професионално и транспарентно, покренуваат иницијативи. Според него, Комисијата не располага со потребниот број на вработени. Негово мислење е оти извештајот на МЦМС не ја дава целосната слика.
Податоците за извештајот се добиени од интернет, и во соработка со граѓански организации. Проектот за следење на работата на антикорупциската комисија е финансиран од Британската амбасада.
Наташа Гркова- Петрушевска
