Хаваи пролонгира стопирање на одлуката на Трамп

30.03.2017 15:25

Правосудството на Хаваи ја пролонгира блокадата на забраната за влез на на граѓани од Блискиот Исток и Африка. Трамп претходно ја критикуваше одлуката од Хаваи и најави дека е можно да ја оспори пред Врховниот суд на САД, доколку биде потребно.

Федерален судија во Хонолулу го продолжи на неопределено време стопирањето на одлуката за забрана на влез на граѓаните од земјите со мнозинско муслиманско население. Според судијата Дерик Вотсон, спорната одлука е неуставна зашто е дискриминирачка на верска основа. Градот Сиетл поднесе тужба против указот на Трамп кој би можел да ги запре федералните фондови во заедниците кои одбиваат да соработуваат  во депротирањето на илегалните мигранти.

„Главниот јавен обвинител Џеф Сешнс изјави дека некои градови го прекршуваат законот зашто не ја чуваат безбедноста. Администрацијата на Трамп и војната на фактите се претвори во војна на градовите. И натаму ги браниме вредностите за вклученост и заедништво. Новиот кабинет сака да провоцира, но менувањето на фактите нема да го попречи спроведувањето на вистинските закони. Целта на оваа тужба е судовите да ја прогласат за неуставна наредбата на Трамп“, изјави Ед Мареј, градоначалник на Сиетл.

Незадоволните граѓани продолжуваат со протестите.

„Бегалците треба да бидат безбедни и да имаат мир. Овде дошле за да живеат во мир којшто им бил одземен дома. Тие луѓе страдаат и умираат. Немаат храна, децата им се гладни. Американците не го сакаат тоа. Америка е земја на можностите, земја која им вели добредојде на сите“, изјави Акинде Агнес Саного, африканска заедница.

„Овде сум за да ги поддржам бегалците и да протестирам против срамните акции на преседателот“, вели Џенис Вајт.

Трамп тврди дека мерката е неопходна за интензивирање на борбата против тероризмот. Втората забрана, која е ублажена верзија на првиот декрет, предвидува забрана за  влез во земјата на државјани од шест муслимански земји. Ирак е симнат од листата на првиот указ, па на неа остануваат Иран, Јемен, Либија, Сирија, Судан и Сомалија.

 

Маја С. Филдишев