АВМУ и ЗНМ со обвинувања за политизираност

30.03.2017 16:32

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги повела 67 постапки за прекршување на Изборниот законик за време на предвремените парламентарни избори. Досега нема судска одлука за изрекување казна. Здружението на новинарите има забелешки за ставот на Советот, кој бил додаден кон извештајот.

Нема ниту една судска одлука за изрекување казна спрема медиумите кои го прекршија Изборниот законик за време на предвремените парламентарни избори минатата година. По одлуките на Основните судови предметите стојат во Апелација.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од добиени 260 предлози од ад- хок комисијата, процесуирала 67. Од нив за 20 агенцијата побарала од судовите да изречат глоба.

Во фокусот остана додадениот став на Советот на Агенцијата на извештајот на стручните служби на Агенцијата. Претседателот на Советот, Петрушевски реагираше на обвинувањата на Здружението на новинарите дека Советот постапува по политички диктат.

Членот на ЗНМ во Советот, Фиданоски му одговори на Петрушевски. Фиданоски додаде дека ЗНМ ќе бара од новиот парламентраен состав да го врати извештајот во Агенцијата на корекција.

Фиљана Кока