Нови протести на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“

30.03.2017 16:52

Во главниот град ова е 32-ри марш, а од иницијативата велат оти ќе биде најмасовен досега.

Попладнево во Скопје и во повеќе други градови се одржуваат нови протести, организирани од иницијативата „За заедничка Македонија“. Во главниот град ова е 32-ри марш, а од иницијативата велат оти ќе биде најмасовен досега.

Главно барање е да се отфрли платформата од Тирана, да не се избере претседател на Собранието кој јавно не се откажал од овој документ, да се зачува унитарноста и да не се дозволи редефинирање на државава.

„Ја повторуваме нашата поддршка за претседателот Иванов, да истрае во својот принципиелен став и да не подлегнува на притисоците“- порачаа од иницијативата „За заедничка Македонија“.