Судири меѓу приврзаници и противници на Ердоган во Брисел
Нередот се случи за време на гласањето на дијаспората за референдумот со кој се зголемуваат овластувањата на претседателот Ердоган.

Четири лица беа повредени пред турскиот конзулат во Брисел откако се судрија поддржувачите и противниците на владата во Анкара. Тројца од нив се во критична состојба. Нередот се случи за време на гласањето на дијаспората за референдумот со кој се зголемуваат овластувањата на претседателот Ердоган.
„Имаме пријатели во конзулатот. Ако им се случи нешто додека се на работна задача и ги чуваат гласачките кутии, властите во Анкара ќе видат како им го уриваме конзулатот“, вели еден од демонстрантите.
Нестабилноста во односот Турција-ЕУ се случи откако владата во Анкара се обиде да шири пропаганда низ дијаспората преку јавни собири за добивање поддршка за априлскиот референдум.
