„Спејс Икс“ првпат во историјата лансираше веќе рециклирана ракета
31.03.2017 10:53
Директорот и сопственик на „Спејс икс“ Илон Маск потенцира дека ова е огромен чекор за вселенската индустрија.

Компанијата „Спејс икс“ повторно влезе во историјата со лансирање на веќе користена ракета. „Фалкон 9“, лансиран од Флорида, во орбитата однесе комуникациски сателит.
Директорот и сопственик на „Спејс икс“ Илон Маск потенцира дека ова е огромен чекор за вселенската индустрија.
Компанијата досега на Земјата успешно врати осум такви ракети, при што пет слетаа во океан, а три на копно. Крајна цел на сето ова е намалување на трошоците на лансирање.
