Израел одобри изградба на еврејска населба на Западниот брег
Во неа ќе се вдомат протераните Евреи од Амона, локација која беше исчистена минатиот месец откако Врховниот суд на Израел пресуди дека била изградена илеглано на палестинска територија.

За прв пат во две децении, со едногласна одлука, владата на премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху одобри изградба на еврејска населба на Западниот Брег.
Во неа ќе се вдомат протераните Евреи од Амона, локација која беше исчистена минатиот месец откако Врховниот суд на Израел пресуди дека била изградена илеглано на палестинска територија.
Еврејските населби се голем проблем во конфликтот со Палестинците. Меѓународната заедница поддржува дводржавно решение , што подразбира воспоставување на палестинска држава на териториите што Израел ги освои за време на војната во 1967 година.
Над 600.000 Евреи живеат во 140 населби изградени по израелската окупација на Западниот Брег и источен Ерусалим во 1967 година.
