Столтенберг: Европските држави да ги зголемат расходите за одбрана
04.04.2017 11:02
Причината за зголемување на трошоците е географската близина на Европа со Русија, Сирија и со Ирак.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја повика Германија и другите европски држави да ги зголемат расходите за одбраната. Причината за зголемување на трошоците е географската близина на Европа со Русија, Сирија и со Ирак.
На средбата на министрите за надворешни работи на државите членки на НАТО, германскиот шеф на дипломатијата Зигмар Габриел рече дека е нереално Германија да ја постигне целта на НАТО од 2006-та година, односно расходите за одбрана да достигнат 2 процента од Бруто- домашниот производ.
