Бејли: Избор на собраниски спикер и брзо формирање влада
Американскиот амбасадор во земјава и натаму останува на ставот, претседателот Иванов да ја промени одлуката за мандатот, новиот собраниски состав да избере претседател, а потоа што поскоро и влада.

САД го признава македонскиот идентитет и го користи уставното име на земјата. Вака американскиот амбасадор Бејли ја коментираше актуелната политичка состојба во земјава, но и релациите со некои од соседите. И натаму останува на ставот, претседателот Иванов да ја промени одлуката за мандатот, новиот собраниски состав да избере претседател, а потоа што поскоро и влада.
„Ние навистина се надеваме да ги видиме партиите да ги исполнат деловите од договорот од Пржино. Имаше избори во декември, ги оценивме како веродостојни, пратениците ги зазедоа местата во Собранието, мнозинството е објавено во Собранието, и мислиме дека е несвојствено според демократските принципи во согласност со Уставот да не се дозволува процесот за формирање влада. За да напредувате, се разбира на крајот ова зависи и од политичките лидери, и навистина и од државјаните на Македонија да извршат промени, но сепак е суштинско за македонското интегрирање во НАТО, и како што претеседателот на Европскиот совет рече вчера, во Европската унија. Останува американската поддршка во овој процес, но бараме како што реков, брзо формирање на владата која ќе биде посветена на распоредот на реформите. Ако нема напредок, ќе има застои, нема да има донесување решенија, може и проектите да не бидат завршени, и на крај ќе зависи од граѓаните да решат што навистина сакаат Парламентот и нивните политички лидери да направат“, изјави американскиот амбасадор во земјава, Џес Бејли.
