„Отпорно Скопје“: Петгодишна стратегија за климатски промени

04.04.2017 15:48

Претставена петгодишна стратегија за климатски промени на Град Скопје. Документот треба да помогне во справување со климатските промени, да ја зајакне урбаната отпорност...

Намалување на ризиците во домувањето, здравството, туризмот, транспортот се неколку од секторите во кои што ќе бидат преземени мерки со цел ублажување на влијанието на климатските прмени. Ова го предвидува новата петгодишна стратегија за климатските промени насловена „Отпорно Скопје“. Се предвидува формирање на зелен катастар.

Скопје е единствена метропола во регионот која презема водечка улога на ова поле, ние го охрабруваме да се спроведат новите мерките, вели Луиза Витон од програмата за развој на ОН.

Акцискиот план предвидува, унапредување на системот за предупредување, информирање и подигање на свеста. Урбанистичко планирање, чист воздух, чиста вода за пиење, отпадни и атмосферски води.

И граѓаните согласни дека свесноста е клучен фактор. Според податоците во стратегијата, доколку не се преземе ништо во наредните години, емисиите на стакленички гасови ќе се зголемат за 25% во 2020 година.

Дијана Ценевска