Грчки медиуми: И Туск не успеа да го убедни Иванов да ја промени одлуката
Грчките медиуми со коментар за посетата на Доналд Туск на земјава. Оценуваат дека и првиот човек на Европскиот совет не успеал да го убеди претседателот Иванов да ја промени одлуката.

Или мандат за Зоран Заев или меѓуетнички тензии и „блокада“ на и така блокираната интеграција на Македонија во Европската Унија. Вака грчките медиуми ги толкуваат пораките од посетата на претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск на Македонија.
Весникот „Етнос“ пишува дека Туск побарал решение базирано на здрав разум и демократски принципи кое што нема да предизвика меѓуетнички тензии, пренесувајќи ја при тоа пораката дека кризата го блокирала патот кон Европската Унија и дека без решение во насока на давање на мандатот на Зоран Заев и албанските партии, не можело да се надеваме на поддршка од Брисел.
„Претседателот на пј Р. Македонија, како што се виде од заедничката прес-конференција по нивниот состанок, "не чул" ништо од ова и инсистира да не го даде мандатот. Ја нападна и платформата на албанските партии, тврдејќи дека нејзино прифаќање ќе значи загрозување на унитарноста на земјата“, пишува „Етнос“.
Освен пораката на Туск, во фокусот на грчките медиуми во контекст на настаните во Македонија остануваат и активностите поврзани со Џорџ Сорос.
„Познатиот милијардер потроши милиони долари за финансирање на насилни протести во пј Р. Македонија, како чекор во насока на директно предизвикување граѓанска војна и последователен воен конфликт со Русија“, се вели во анализата на „Пентапостагма“ и се додава дека парите за поддршка на неговата агенда одат преку невладини организации, но и политичари и новинари.
Марија Котовска- постојан дописник од Атина за МРТ
