Државниот инспекторат со пријава за кривична постапка за труењето со храна во „Леар“
Според податоците, пронајдени се бројни пропусти особено во хигиенските услови каде што се подготвува храната во фирмата добавувач на храна „Бакал Бакеро“. Резултатите од брисевите покажале бактерии и кај дел од вработените.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат до Јавното обвинителство поднесе пријава за поднесување кривична постапка за неодамнешното труење во тетовската фабрика „Леар“.
Според податоците, пронајдени се бројни пропусти особено во хигиенските услови каде што се подготвува храната во фирмата добавувач на храна „Бакал Бакеро“. Резултатите од брисевите покажале бактерии и кај дел од вработените. Мострата од храна била микробиолошка неисправна, по што се очекува Агенцијата за храна и ветеринарство да преземе мерки.
Објектот кој се користи за поготовка на храна, како и просторот каде се дистрибуира и дели храната и натаму се забранети за употреба сѐ додека не се спроведе темелно механичко чистење, дезинфекција, дезинсекција и дератизација од овластена здравствена установа, добивање негативни резултати од контролни брисеви и обезбедување на вработени со валидни санитарни книшки.
