Нов контигент словачки полицајци на јужната граница

05.04.2017 11:26

Единицата ќе се распореди во реонот на Дојранското Езеро и се опремени со термални камери и уреди за ноќно гледање.

Пристигнува седмиот контигент составен од 20 полициски припадници од Словачка кој заедно со македонската Полиција и Армија ќе продолжат со контролирање на македонско- грчката граница за спречеување на илегалната миграција.

Единицата ќе се распореди во реонот на Дојранското Езеро и се опремени со термални камери и уреди за ноќно гледање.

Досега во земјава од март 2016-та се распоредени вкупно 175 полициски службеници од Словачка.