Евроазискиот Економски форум

Иванов: Кризата во Европа е можност за нови решенија

05.04.2017 12:28

„Човештвото на крстопат“ е темата на јубилејниот 20-ти форум на кој учествуваат актуелни и поранешни државници, претседатели, премиери, министри, истакнати личности од општествениот и политичкиот живот, невладиниот сектор и бизнис заедниците од 40-тина држави.

Ова е време кога целиот свет се трансформира. Европа и Азија никогаш не биле подобро инфраструктурно, економски, енергетски поврзани. Но, истовремено, двата континента никогаш не биле толку културно и цивилизациски оттуѓени, со пораст на ксенофобијата и стравот од различноста, порача македонскиот претседател Ѓорге Иванов на отворањето на Евроазискиот Економски форум во Истанбул.

Европа останува супер сила на животниот стил, но таа е сега во криза. Сепак кризата е можност за нови решенија, истакна Иванов во обраќањето.

„Човештвото на крстопат“ е темата на јубилејниот 20-ти форум на кој учествуваат актуелни и поранешни државници, претседатели, премиери, министри, истакнати личности од општествениот и политичкиот живот, невладиниот сектор и бизнис заедниците од 40-тина држави.

Иванов и утре ќе се обрати на претседателската сесија на форумот.