Нухиу: Поголема регионална соработка за справување со мигрантската криза
Министерот оцени дека за да се имплементираат конкретните планови потребен е сеопфатен регионален одговор.

Потребна е поголема соработка меѓу земјите од регионот за справување со мигрантската криза, оцени првиот човек на МВР, Агим Нухиу. Министерот оцени дека за да се имплементираат конкретните планови потребен е сеопфатен регионален одговор.
„Криумчарењето со мигранти и трговијата со луѓе се најчести форми на криминал, кои повторно се на дневен ред. За водење на успешна борба против истите, потребно е да се посвети поголемо внимаени“, смета министерот Нухиу.
Мигрантската криза е една од најголемите кризи со кои се соочуваме по Втората светска војна. Земјите од регионот кои лежат на Балканската мигрантска рута потребно е да соработуваат за справување со неа, особено со оглед на заканите од можно повторување на бегалскиот бран, беше истакнато на дипломатски брифинг за активностите на Регионалната иницијатива за азил, бегалци и миграција – МАРРИ што се одржа во Скопје.
