Седмооделенец застрелан во тетовска Палатица

05.04.2017 13:36

Поради сериозноста на повредите ученикот е префрлен во скопскиот Ургентен центар, каде по извршената операција се наоѓа во животна опасност.

Седмооделенец од село Палатица се бори за живот откако бил ранет во огнена пресрелка во дворот на училиштето „Фан Ноли“. Инцидентот се случил вчера кога 17 годишен скопјанец испукал куршум кон детето.

Поради сериозноста на повредите ученикот е префрлен во скопскиот Ургентен центар, каде по извршената операција се наоѓа во животна опасност.

Надлежен обвинител побара мерки за обезбедување присуство.