Продолжуваат протестите за унитарност на земјата

05.04.2017 15:09

Да се отфрли Тиранската платформа, да се зачува мултиетничкиот карактер на земјата, бараат демонстрантите.

Попладнево во Скопје и во повеќе други градови низ државава се одржуваат нови протести од иницијативата „За заедничка Македонија“. Се бара отфрлање на Тиранската платформа. Организаторите на маршот во главниот град велат дека на 38-от ден ќе ја променат рутата, односно ќе пристигнат и пред Музејот на македонската борба за државност и самостојност, каде што се наоѓа декларацијата за независност на Република Македонија.

„Ги славиме суверенитетот на државава и одлучноста на црвено- жолтите да не дозволат негово кршење, вистинската Македонска платформа за државност која сега некој има идеја да ја уништи со документи изготвувани во туѓи држави“ – велат од иницијативата „За заедничка Македонија“.