Дуња Мијатовиќ, претставник на ОБСЕ за медиумите во Скопје
10.02.2014 12:50
Дуња Мијатовиќ, претставник на ОБСЕ за медиумите од денеска до среда е во посета на Скопје.

Претставникот на ОБСЕ за медиумите Дуња Мијатовиќ, од денеска до среда е во посета на Скопје. Со претставниците на Владата, граѓанското општество и на медиумите ќе разговара за медиумските слободи.
Денеска Мијатовиќ е на средба со претставници на граѓанското општество, без присуство на медиумите. А за утре е планирана средба со премиерот Никола Груевски и со министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, се вели во соопштението од ОБСЕ.
Оттаму информираат дека на средбата ќе се разговара за актуелните прашања поврзани со медиумите во земјата, а на крајот од посетата, в среда, ќе одржи прес-конференција.
Лидија Чакар
