Путин: Нападот на САД врз Сирија е агресија врз суверена држава
Претседателот Путин смета дека американските напади врз Сирија се агресија врз суверена држава и непочитување на нормите на меѓународното право, притоа со измислен повод, изјави портпаролот на Путин, Дмитриј Песков.

Американските напади врз Сирија се агресија против суверена држава, смета рускиот претседател Владимир Путин.
Претседателот Путин смета дека американските напади врз Сирија се агресија врз суверена држава и непочитување на нормите на меѓународното право, притоа со измислен повод, изјави портпаролот на Путин, Дмитриј Песков.
Американскиот напад сериозно им штети на руско-американските односи, кои и без тоа се во жална состојба и пречи ефикасно да се дејствува против тероризмот, доаде Песков пренесувајќи став на Путин.
Рускиот претседател смета дека американскиот напад е обид да се одвлече вниманието на светот од многуте жртви меѓу цивилите во Ирак, изјави Песков.